Од 6. до 30. ноември 16. „Есенски музички свечености“

Од:

Со концертот на џез-пијанистот Керем Горсев од Турција со своето трио, во придружба на камерниот оркестар од Битола, а под диригентската палка на Сашо Татарчевски, в петок ќе биде отворено 16. издание на „Есенските музички свечености“. Концертот ќе се одржи во Домот на АРМ.

Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а покровители се Град Скопје и Министерството за култура.

Симона Симоновска, продуцент за музичка дејност на прес-конференција ја претстави програмата, составена од 10 концерти.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ Турски културен центар-Скопје доц. д-р Мехмет Самсакчи потенцира дека се посебно благодарни што нивниот виртуоз и познат џез музичар на светско ниво Керем Горсев ќе ја отвори манифестацијата. Со него ќе настапат Каган Јилдиз-контрабас и Ферит Одман-тапани.

– Македонија и Турција се пријателски земји. Имаме многу заеднички културни вредности и културно наследство кое не зближува и не сплотува како две пријателски држави, потенцира Самсакчи.

В сабота во МНТ ќе биде прикажана премиерата на современата балетска претстава „Balkan Dance Project Vol.1“, копродукција меѓу Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Се работи за балетска претстава што ја работат двајца кореографи, Александар Саша Илиќ од Србија и Игор Киров од Македонија. В понеделник концерт на Факултетот за музичка уметност-Скопје ќе одржи младата Горјана Стојановска-пијано, студент на ФМУ.

На 14 ноември на ФМУ-Скопје со целовечерен концерт ќе настапи Ансамблот за современа музика „Con Tempora“. Концертот „Sounds of Spirits“ претставува портрет на композиторот Малколм Дедман од Англија, а диригент ќе биде Бисера Чадловска. Студентите на Факултетот за музичка уметност-Скопје на 16 ноември ќе имаат концерт посветен на 90-годишнината од раѓањето на Властимир Николовски. Концертот е насловен „Творечкиот опус на Властимир Николовски“. На 20 ноември во Домот на АРМ вокално-инструментален концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Во рамки на манифестацијата, хорот „Про Арс“ ќе има премерни изведби на хорски композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за нови хорски дела. Диригент ќе биде Сашо Татарчевски.

Вториот млад музичар кој ќе настапи на Есенските музички свечености е Момчило Куфојанакис-виолина заедно со Весна Ангелова-пијано. Концертот ќе се одржи во Културно-информативниот центар-Скопје, во Салонот 19,19. Рецитал ќе имаат саксофонистот Нинослав Димов со пијано придружба на Маја Поповиќ Караиванова.

Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со настапот на оперското дувачко трио на МОБ, уметниците Татијана Петрушевска-обоа, Игор Бакевски-кларинет и Марјан Милошевски-фагот.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска