Марјанчо Николов: „Македонија се иселува“ е најуспешен проект на Владата

Од:

Пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов, на Фејсбук дава примери на луѓе од неговото окружување кои си заминуваат од земјава зошто немаат никаква перспектива и заклучува дека „Македонија се иселува“ е најуспешен проект на Владата.

„Ќе ви кажам четири примери со кои политиките на власта се поразувачки за граѓаните на Р. Македонија. Првиот пример, имаше конкурс во велешката болница за прием на 5 доктори. Еден мој пријател со висок просек конкурираше. Немаше партиска книшка. Можете да погодите дали го примија? Не. Иако имаше просек 9.7. Замина во Германија, си ја плати специјализацијата и сега уште работи и не сака да си дојде во Македонија.

Втор пример, доктор вработен во установа, член е на партија на опозицијата. Го шиканираа, не можеше да ги издаржи притисоците и малтретирањето и си замина во странство. Си ја повлече со него жената и двете деца.

Трет пример, имам пријател којшто пред еден месец имаше продавница за бела техника. Му одеше релативно добро. Знаете што направи? Ми вика, Марјан не можам веќе, ова повеќе не се издржува, народот нема пари, цело време ме тераат да ги пишувам на долг а на рати да ја давам робата, од друга страна морам веднаш да ги платам давачките кон државата и кон доверителите. Плус на тоа ми доаѓаат инспекции секој месец по два пати. Го затвори дуќанот и отиде во Германија. Ете тоа е добрата бизнис клима со која се фали власта.

Четврт пример, во Велес има едно село се вика Горно Оризари. Таму живеат повеќе од 3.000 Бошњаци. Прв пат во историјата од кога постои тоа населено место оваа година имаат вишок наставник во одделенска настава. Затоа што нема деца. Децата им се раѓаат во Австрија. Каде што се иселуваат масовно“, пишува Николов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“