ЖРК Вардар му го нанесе првиот пораз на данскиот Митјиланд победувајќи со резултат 33:24, полувреме 16:8. Ова беше меч од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Андреа Пенезиќ го предводеше ЖРК Вардар до триумф со постигнати 10 гола, Јованка Радичевиќ постигна шест, а Андреа Лекиќ пет. Кај Митјиланд најефикасна беше Трине Јенсен со пет гола.
Во вториот меч од третото коло во групата Ц, Ѓер на гости го победи Хипо со 29-21. Во следното коло на 8 ноември ЖРК Вардар го игра вториот меч со Митјиланд на гости во Данска.