А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прилеп се одржува прв поштенски меѓународен маратон

by А1он01/11/2015 - 13:20102
Share0

Во организација на Македонски пошти и на локалната сампоуправа денеска во Прилеп се одржа прв поштенски меѓнароден маратон.

Добивај вести на вибер

Според Влатко Атанасоски од Агенција за пошти, ова е прв ваков  тематски маратон во светот.

– Ова е прв тематски маратон во светот. Идејата е да се промовира здравиот начин на живот, активниот начин на живот, и тоа преку најтешката атлетска дисциплина која е тесно поврзана со издржливоста на поштарите како разнесувачи на добрите вести. Имаме учесници, освен од Македонија и од Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија, вели Атанасоски.

Трката се одржа низ улиците на Прилеп во три категории. За младите до 21 километар, а за возрасните од 42 километри.

За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески ова е убава манифестација на која би можело да се работи да се прошири и да има илјадници учесници.

– Имаме натпреварувачи од повеќе држави, а наредната година, заедно со организаторите ќе работиме на еден поголем проект овде да бидат и врвни атлетичари од целиот свет, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Организаторите се надеваат во догледно време да се постигне и нов македонски рекорд во маратон, а попладнето пригодно на најдобрите и успешните во трката ќе им бидат доделени награди.

prilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен