СДСМ: Наводното решавање на проблемот со статусот на професионалните војници ја потврдува хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ алармираше за проблемот со нерешениот статус на професионалните војници којшто го создаде власта и ги поддржа барањата на самите војници.

Јавно побаравме да им биде решен статусот, да бидат ангажирани како и нивните колеги.

Поради проблемот што им го создаде власта професиналните војници започнаа и штрајк со глад пред Собранието. Власта молчеше и не презема ништо.

СДСМ и опозицијата го поддржа и Предлог законот за измени на Законот за служба во АРМ за проширување на опфатот на професионалните војници што беше гаранција за решавање на нивниот статус.

СДСМ и понатаму ќе ги поддржува сите иницијативи кои што ќе резултираат со решение на статусот на поранешните професионални војници коишто власта ги дискриминирше во претходното законско решение.

Токму Димитриев и Џафери се луѓето кои го политизираа Министерството за одбрана и го креираа овој проблем којшто кулминираше со штрајк со глад на дел од професионалните војници.

Оттука, предлогот на власта за наводно решавање на проблемот што таа го создаде само ја потврдува хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија