СДСМ: Нудиме европско образование во Македонија

Од:

„Образованието во Македонија е во многу лоша состојба, пред се, поради лошите политики и законски решенија што во континуитет предизвикуваат штетни последици врз целиот образовен процес.

Партизацијата на образовните институции и назначувањето на партиски кадри го омаловажува и го урива системот на образование а младите обрзовани луѓе ги брка надвор од Македонија.

СДСМ заедно со граѓаните гради платформа со којашто нуди европско образование во Македонија во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.

Студентот ќе биде активен учесник во промените во високото образование. Скопје со два нови студентски универзитетски центри.

Го укинуваме екстерното тестирање и ја враќаме целосната автономијата на Универзитетите.

Го враќаме предучилишното едногодишно образование за изедначување на децата од сите социјални средини и го намалуваме бројот на предмети во основното и средното образование.

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во салата на советот на општина Крива Паланка, ќе се одржи дебата од проектот Визијата за Македонија на тема „Како да обезбедиме квалитетно образование“.

На темата ќе се обратат потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и членот на Извршниот одбор, Максим Димитриевски.

Потоа ќе биде отворена дебата со присутните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски