Руски патнички авион со над 220 патници исчезна од радарите на Синај, и според првичните информации се работи за авионска несреќа.
Египетскиот премиер Шериф Исмаил потврди дека рускиот авион е паднат кај Синај.
Претходно од Египет соопштија дека рускиот авион безбедно го напуштил воздушниот простор на Египет и успешно направил контакт со турската контрола на летот.
Извори од руската контрола на летот за Риа Новости откриваат дека авионот исчезнал во близина на Кипар, а не кај Синај. Но некои египетски медиуми тврдат дека несреќата била откриена додека авионот се уште летал во египетскиот воздушен простор.
Рускиот Ербас кој исчезна од радарите патуваше од египетското одморалиште Шарм- Ел-Шеик до Санкт Петерсбург и припаѓа на мала компанија со седиште во Западен Сибир.
Египетски извори за Ројтерс кажаа дека имало 212 патници кога авионот слетал, повеќето руски туристи. Руски извори велат дека тој број бил 224.