ВИДЕО: Лазаревски е новиот директор, Костадинова со полиција во училиштето ја брани функцијата

Од:

Разрешената директорка на училиштето „11 Октомври“ не сака да си замине и тврди дека е се уште директор. Новиот, назначен В.Д. директор тврди дека е тој е законски првиот човек на училиштето.

– Ова училипште има традиција на квалитетни наставници, и јас сум тука вработен. Сакам да кажам дека училиштето си функционира како што треба. Јас во минатото бев директор на ова училипте, не ми е тешко да се справам со проблемите.

Вработените се збунети, но од наставничкиот совет денес и претставниците на општина Центар е потврдено дека в.д. директор сум јас, рече Васко Лазаревски.

Наспроти него, поранешната директорка која беше поставена на функцијата со потпис на министерот вели дека таа се уште е директор иако градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ја разреши од функцијата.

– На почетокот на септември се појави стомачен вирус што беше инструирано во труење, но по испитувањата се докажа дека нема труење, ниту опасност по здравјето на учениците. По сета оваа констрирана драма со незконско решение на градоначалникот сум разрешена од функцијата директор со образложение дека сум ги занемарила своите законски обврски.

Против решението доставив жалба до државната комисија одгворот го добив на 26 октомври со кое се уважува жалбата и решението на радоначалникот се поништува. Истиот ден ги известив надлежните институции, а во меѓувреме незаконски назначениот в.д.директор со закани и обивање на канцеларијата , свикувал наставнички совети за време на настава и инструирал незаконска смена на членовите на училишниот одбор.

По извршената инспекција на државниот инспекторат, наставничките кои ги донел Лазаревски бегале низ прозорци. Од сето ова можат да се видат сите криминални активности на градоначалникот на општина Центар. Жерновски очигледно не знае што прави, не ги почитува редот и законот, вели разрешената директорка Костадинова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар