Досега издадени речиси 200.000 потврди за барање азил

Од:

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.853 странски државјани, од кои 1.477  се од машки пол, 496  се од женски, 631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 249 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што информираат од МВР, најбројни се државјаните на  Сирија-1.404, од Авганистан-1.086, од Ирак-163, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19-ти јуни до денеска издадени се потврди на вкупно 192.810 странски државјани, од кои, 119.014 се од машки пол, 27.699 се од женски, 37.032 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.065 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-125.713, потоа Авганистан-38.006, Ирак-14.924, Пакистан-4.233, Иран-3.240, Палестина-1.651, Сомалија-965, Бангладеж-901, Конго-491, Нигерија-256, Камерун-222,  Еритреја-212, додека останатите се во помал број.

Изминатите 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.10.2015 година евидентирани се вкупно пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита тројца баратели на азил (малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР