Во Виена преговори за кризата во Сирија

Од:

Во Виена вчера се одржа четиристрана средба посветена на пронаоѓање политичко решение на кризата во Сирија. Разговорите на министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција траеја помалку од еден час, јави ТАСС.

Разговорите ќе продолжат и денеска и во нив ќе се вклучат високи дипломати на околу 20 држави.

– Министерската средба за Сирија в петок може да го отвори прозорецот за политичко уредување на конфликтот, изјави доцна синоќа високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Таа посочи оти е потребно да се покаже флексибилност и да се прошири просторот за политички дијалог.

Во разговорите во Виена денеска освен министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција ќе учествуваат и претставници  на европски земји, Франција, Германија, Велика Британија, Италија, како и како и на земји од Блискиот Исток и Северна Африка, Иран, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Либан и Египет.

На средбата учествува и Могерини и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него