Убиен лидерот на бунтовниците во Кашмир Абу Касим

Од:

Лидерот на бунтовничката група Лашкар-е-Таиба во Кашмир, Абдул Рехман, попознат како Абу Касим, денеска е убиен во размена на оган со индиските сили, што предизвика улични протести во градот Кулгаму, каде и бил усмртен.

– Абу Касим е Пакистанец и е оперативен лидер на милитантната група која Индија ја смета за виновна за неколку напади ширум земјата, вклучувајќи го и оној од 2008 година кога во Мумбај беа убиени 166 лица, рече шефот на полицијата Раѓендра Кумар.

Засега нема потврда од независни извори дека Абу Касим е убиен, ниту има коментар од бунтовничката група.

На веста за неговата смрт, неколку стотици лица се обиделе да дојдат до местото на кое настрадал, а попатно фрлале камења врз владините сили и правеле блокади на патот. Полицијата одговорила со солзавец, наведуваат француските медиуми.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете држави полагаат право врз него. Од 1989 година, милитантните групи се борат за независноста на Кашмир или негово спојување со соседен Пакистан.

Во вооружениот бунт досега загинаа повеќе од 68.000 лица.

Индија го обвинува Пакистан за финансирање и обука на бунтовниците во регионот. Исламабад ги негира обвинувањата, наведувајќи деја единствено дава морална и дипломатска поддршка за бунтовниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати