Американецот Тед Лигети беше убедливо најбрз на првата трка во велеслалом што се возеше на австрискиот глечер Зелден, со која и официјално стартуваше новата сезона во Светкиот куп за алпско скијање во машка конкуренција.
Лигети за 26 триумф во кариерата беше супериорен на традиционалната трка, победувајќи го со две секунди и 75 стотинки подобро време Италијанецот Манфред Мелг.
Трет низ целта со заостанување од три секунди и 12 стотинки мина бранителот на титулата во Светскиот куп и на малиот кристален глобус во велеслалом, Австриецот Марсел Хиршер.
Следната трка ќе се вози во фински Леви, на 11 ноември, кога најдобрите скијачи ќе се натпреваруваат на првиот слалом.