Аневски: Нема ништо ново за да се одржи седница на Советот за јавни обвинители

Од:

Во овој момент немаме ништо ново за да заседаваме на седница, досега Советот за јавни обвинители одлучуваше двапати на барањата на специјалната јавна обвинителка, истакна денеска претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски, по промоцијата на публикациите за анти-дискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители, одговораќи на новинарско прашање дали Советот ќе заседава за комплетирање на тимот на Катица Јанева.

– Избрани се седум јавни обвинители од тоа обвинителство и со специјалниот јавен овбвинител се осум, што е сосема доволно за да се почне со работа. Второто обраќање од обвинителката е повторно со истите имиња и нема никакви нови околности, дури имаме и уште едно обраќање каде што кажува дека евентуално ќе бидат оформени нови предмети и дека ќе има потреба од поголем број на јавни обвинители. Тоа е одлучено, определен е бројот на јавни обвинители и имаме објавено во Службен весник. Мислам дека непотребно се крева тензијата.

Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат што е невидена работа досега во Советот и мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне си работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители, изјави Аневски.

Би можело да ве интересира

Поднесено е обвинение за 19-годишник осомничен за неколку тешки кражби во Скопје

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување