Грчката полиција во неделата го уапси познатиот новинар Костас Ваксеванис еден ден откако тој во списанието Hot Doc го објави списокот на Грци коишто имаа милионски сметки во швајцарската филијала на британската банка HSBC.
„Ќе дојдат во мојот дом секој момент. Ќе ме уапсат. Јавете”, напиша новинарот Костас Ваксеванис на својот профил на микроблогот Twitter.
Новинарот бил уапсен во неговиот дом во северно предградие на Атина. Полицијата го потврди апсењето, но не соопшти за што е обвинет новинарот.