Со дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано 3.коло од Првата кошаркарска лига.
Шампионот МЗТ Скопје е во серија успешни резултати во АБА лигата и со триумф над Кожув посакува да го заборави поразот од Куманово во домашната лига. За гевгеличани триумф ќе биде знак дека излегуваат од кризата по поразите во БИБЛ лигата и неуспехот на домашен терен со Фени Индустри.
Инаку, синоќа се одигра и дуелот во Гевгелија меѓу Бест и Струмица, на кој победа од 91:68 остварија гостите. До првиот триумф во лигата струмичани беа предводени од искусните Димче Тасовски и Ефтим Богоев, кои постигнаа 21 односно 20 поени.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Карпош Соколи – Куманово 90:83 и
Фени Индустри – Работнички 79:82.
Табела: Карпош Соколи 3-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-1, Работнички 2-1, Куманово 1-2, МЗТ Скопје 1-1, Кожув 1-1, Струмица 1-2, Бест 0-3.