Камиловски во одбрана на Тодоров: Министерот и здравството бележат бројни успеси

Од:

По повод бројните изјави насочени кон т.н. „неуспеси во реформите здравството“ со отворено писмо со поддршка на министерот Никола Тодоров се огласи професор д-р Виктор Камиловски.

„Конкретните напади врз министерот се паушални, но во исто време и навреда за бројниот медицински персонал: доктори, медицински сестри, болничари, здравствена администрација, кои чесно и посветено си ја работат својата работа, која е многу поразлична од другите професии. Да не дозволиме амигдалата,емоциите да ја добијат војната над другите делови од мозокот каде царува разумот. Затоа во овие моменти треба сите здравствени работници да бидеме сплотени и да дадеме максимална поддршка на првиот, еднаков меѓу нас – министерот за здравство, Никола Тодоров, како и на целокупниот негов тим. Индивидуалните лекарски грешки не треба да се генерализираат и да се фрла дамка на целокупниот здравствен систем кој работи максимално пожртвувано и совесно. Сигурно има уште многу работи кои треба да се завршат во амбулантите,болниците,клиниките но тоа не треба да биде повод здравствените власти да се напаѓаат, омаловажуваат и понижуваат, за да некој друг добие дневнополитички поени, за жал на штета на здравјето на пациентите.“, напиша меѓу другото Камиловски.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство