(ВИДЕО) Локвенец: Бројот на судски наредби за посебни истражни мерки различен во УБК и Обвинителство

Од:

Вчера собраниската Комисија за надзор на УБК ја посети Управата за безбедност и контраразузнавање, согласно своите надлежности. Целта беше да извршиме контрола над законитоста во спроведувањето на овластувањата на Управата, да лоцираме злоупотреби и негативности во работењето. Соопштението издадено од собраниските служби за оваа посета воопшто не кореспондира со реалноста, вели Хари Локвенец, пратеник и претседател на собраниската Комисија за надзор на работата на УБК.

Со оглед на тоа дека информациите се класифицирани со степен на доверливост, нема да соопштувам детали. Но, како пратеник и претседател на Комисијата должен сум да ја информирам јавноста дека собраниската Комисија не доби одговор на клучните барања.

Иако беше побарано Управата да ни ги достави сите протоколи, процедури и подзаконски акти според коишто работи, тоа не се случи. Комисијата доби оскуден материјал на 5 страници, именуван како информации.

Собраниската Комисија не може да започне контрола над законитоста на работата на УБК ако ги нема овие акти.

На прашањето како снимките од кабинетот на Никола Груевски завршија во провладините медиуми и на интернет, одговорот од УБК беше дека не добиле налог да го истражат тоа.

Со ова само уште еднаш се потврди дека власта нешто крие и не сака суштински надзор над работењето на УБК. Очигледно власта во заминување сака да избега од соочување со прашањата поврзани со незаконското прислушување.

При подготовката на посетата на УБК, Комисијата писмено се обрати до Врховниот суд на Република Македонија. Побаравме одговор дали имало наредби издадени од судот за следење на комуникациите во периодот од 2007 до 2014 година. Одговорот е дека Врховниот суд нема издадено наредби за следење на комуникациите.
Од друга страна, бројот на издадените судски наредби, објавен од Јавното обвинителство, во Извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2014 година, не соодејствува со бројот на судските наредби за 2014 година евидентирани во УБК.

Бројот на прикажани судски наредби во УБК е поголем од оној кој е даден од Јавното обвинителство на РМ. Како е тоа можно?
Овие факти отворија прашања кои мора да бидат одговорени, во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Собраниската Комисија ќе продолжи со своите активности. Во интерес на јавноста, Комисијата започнува процедурата за ангажирање на експерти кои ќе помогнат во нејзината работа.

Граѓаните мора и ќе ги добијат сите одговори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Со власта на Мицкоски минималната плата се држи на дното, работниците добиваат само леб и сол

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

(ВИДЕО) Кузеска: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+