Во Турција уапсени 72 осомничени припадника на ИД

Од:

Турската полиција денеска приведе 72 луѓе за кои постојат сомненија дека се припадници на Исламска држава, за време на рација во Истанбул и други градови, објавуваат локални медиуми.

Полицијата покрена истовремени акции во повеќе места во Истанбул каде се приведени 21 лице меѓу кои и седум деца.

Во Коња се приведени 30 луѓе, а во Коџаели, источно од Истанбул – 20 луѓе.

Независно од таа акција турската армија приведе на турско-сириската граница 17 луѓе осомничени дека се припадници на ИД.

Рациите беа покренати по операција на турската полиција во Дијарбакир каде во судир со џихадисти загинаа двајца полицајци и седум припадници на ИД додека 12 екстремисти беа заробени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски