Руски десантен брод го минал Босфор во правец на Средоземно Море

Од:

Рускиот десантен брод „Цезар Куников“ денеска минал преку Босфор во правец на Средоземно Море, информира ТАСС, повикувајќи се на воено-дипломатски извор од турската престолнина.

Истовремено, информативната служба „Босфорес нејвал њуз“, од Истанбул, која ги следи сите движења на воените бродови преку турските премини, објави снимки на рускиот брод.

Според информација на службата, бродот транспортира товар со воен карактер со вкупна тежина од 500 тони и патува кон сириското пристаниште Тартус, каде се наоѓа базата за материјално-техничко обезбедување на руската военопоморска флота во Средоземно Море.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина