Нови 4.076 потврди за барање азил, досега издадени 182.978 потврди на странски државјани

Од:

Изминатите 24 часа издадени се потврди за барање азил на 4.076 странски државјани, од кои 2.153 се од машки пол, 695 се од женски, 932 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Авганистан – 2.240, Сирија-1.201, Ирак-300, Иран-191, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска во 8 часот, издадени се потврди на 182.978 странски државјани, од кои 113.687 се од машки пол, 26.108 се од женски, 34.768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.415 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-121.849, потоа Авганистан-33.387, Ирак-14.254, Пакистан-4.046, Иран-2.967, Палестина-1.623, Сомалија-943, Бангладеж-881, Конго-471, Нигерија-251, Камерун-222, Еритреја-207, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8 часот вчера до денеска во 8 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26 октомври евидентирани се пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита тројца баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он