Русија смета дека е неоходно да се зголеми централната улога на Обединетите нации во борбата против тероризмот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Сметаме дека е неопходно да продолжиме со зајакнување на централната и координативна улога на ОН во светските работи и пред се во борбата против тероризмот како главна глобална закана, да ја поддржиме работата на Организацијата во обезбедувањето на одржлив развој и промоција на меѓуцивилизацискиот дијалог, наведе Путин во обраќање пред гостите и учесниците на состанокот по повод Денот на ОН.
Во обраќањето на Путин во ОН, кое го прочита рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов се наведува дека дошло време со заеднички напори да се санираат меѓуанродните ситуации врз основа на заедничка одговорност за иднината на човештвото и враќање на културата на пронаоѓање компромиси.