Европската комисија и понуди на Грција дополнителна помош од 5,9 милиони евра за да се справи со големиот број мигранти и бегалци, кои пристигнуваат на грчките острови во Егејското Море, јави ДПА.
Парите ќе ги покријат трошоците за транспорт до континтетот на најмалку 60 илјади лица, кои ги исполнуваат условите за добивање азил.
– Помошта е строго ограничена за лица, кои биле уредено испитани и регистрирани и од кои се земени отпечатоци од прсти, нагласи ЕК.
Средствата ќе и помогнат на Грција и за создавање на центри за бегалци, како и за имплементирање на механизмот за распределба на бегалците.