Новиот проект на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, насловен „Радио Слободно Скопје“ кој ќе почне на 27 октомври (вториник) е 6 дневен радио проект (стриминг- интернет радио), во текот на времетраењето на овој проект ќе се емитува програма со различни содржини од кои 20 часа се продуцирани специјално за овој прoект. Мобилна/ Монтажна галерија ќе биде трансформирана во објект – радио приемник, а внатрешноста на галеријата ќе биде претворена во студио.
Проектот е реализиран во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и радио МОФ.
Отварањето на „Радио Слободно Скопје“ е на 27 октомври (вторник), во 21 часот во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата, од каде програмата на „Слободно Радио Скопје“ ќе се емитува 24 часа.
Радио Слободно Скопје во текот на 6 дена ќе биде отворен медиум за визуелните уметници, музичарите, теоретичарите, социолозите, студентите, работниците, активистите и граѓаните што ќе ги претстават своите идеи и предизвици што произлегуваат од тековните политички и економски потреси, нивните ставови и размислувања за иднината. Во форма на интервјуа, музика, анализи, радио драми, овој проект има за цел да ја преиспита радио формата, да развие поинакво значење на радиото како медиум и да биде место од кое слободно ќе се говори и размислува.
– Радио Слободно Скопје се разви како природен бунт поради сеопштата репресија на слободата на изразување и на мислата. Наша цел е да укажеме не само за тој сегмент на медиумските слободи во Македонија, туку и за се’ потесниот простор што културните содржини го имаат во електронските и пишаните медиуми кај нас. Она што е исто така важно во овој турбулентен период на политички и економски промени е повторно да се постават прашањата во врска со нашата заедничка иднина, солидарност и одговорност на секој поединец. Се покажа дека, со цел да се движиме напред или направиме пресврт, од време на време нашиот поглед мора да биде усмерен во ретровизорот, вели Јовановиќ.
Дел од програмата на ова радио се: пара вести, разговори, предавања,
Вуна во Кина, разговор со Анастас Вангели
Владимир Јанчевски, „Who’s Provoking Who? Contesting Religious Images in the Public Domain“, предавање, „On Art Activism“, предавање
Гоце Наумов, „Figuring out the figurines- Towards the interpretations of neolithic corporeality in Republic of Macedonia“, предавање
Рамадан Рамадани чита делови од своите прозни дела „Трошки“ и политички анализи
Предавања во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје:
– Алекос Алванос, WEST AND EAST INSIDE EUROPE- THE GREEK EXPERIMENT
– Хуан Луиз Санчес,THE SPANISH CASE- From Revolts to Institutions
– Катерина Колозова , INTO THE CHОRA OF MARX’S TEXT
– Ричард Сејмур , National identity as central political concern
– Светлана Слапшак ,National identity as central political concern
– Артан Садику, Борба со национализмот- кон политиката на еманципација
Alexander García Düttmann : „ Love and the Artist“, предавање во организација на Контрапункт-Скопје
Аркзин. разговор помеѓу Никола Гелевски, Борис Буден, Љубомир Фрчковски, Жарко Трајановски, во организација на Контрапункт-Скопје
Разговор со Борис Буден и Желимир Жилник во организација на Контрапункт-Скопје
Интервју со Борис Буден. разговара Ивана Драгшиќ
„Кој се плаши од… “ емисија со Александра Бубевска,разговори за мултикултурализмот Јана Колева и Ана Чупевска, разговори за претставите изведени на последното издание на фестивалот за современ танц
„Локомоушун“
Контактна емисија, “Ало Извршителе!”
Контактна емисија,“ Алоооооооооооооооооооооо!”
Разобличување, разговор , Александра Секулиќ, Нела Хасанбеговиќ. Даниел Премец, Горан Шкофиќ, Миодраг Кркобабиќ, Ѓорѓе Јовановиќ.ЦЗКД, Белград
Концерти на „Поклон“ и на „Супрематистички чочек“
Радио драми:
Животинска Фарма, радио драма
Голема работа, радио драма
Архива на Македонски радио драма
Есеи од Дубравка Угрешиќ, СветланаСлапшак и Ноам Чомски
„Женски Загреб“ и „Скопје лично“, разговори во организација на Тиииит! Инк.
Разговори со македонски писатели – Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски.