Светскиот првак и возач на Мерцедес Луис Хамилтон ја одбрани титулата светски шампион во Формула 1. Тој синоќа триумфираше на трката за Големата награда на САД и ја потврди доминацијата над ривалите.
Како втор трката ја заврши неговиот клупски колега Нико Розберг, додека Себастијан Фетел од Ферари беше трет, што беше услов на три трки пред крајот на сезоната Хамилтон да ја обезбеди титулата.
Ова за британскиот возач е 10.та победа во сезонава или 43.та во кариерата.
Со третата титула Хамилтон им се придружи на: Аиртон Сена, Џеки Стујарт, Џек Бренхем, Ники Лауда и Нелсон Пике, додека пред него се Себастијан Фетел и Алеан Прост, кои имаат по четири, Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум.
Инаку лошото време го одбележа комплетниот викенд во Остин, а двете излетувања ја одбележаа трката кога беше присутно и безбедносното возило. Клучниот момент беше на осум кругови до крајот кога Хамилтон успеа да го мине Розберг.
Дванаест возачи ја завршија трката, а осум се откажаа.
Генерален пласман: Хамилтон 327 бодови, Фетел 251, Розберг 247, Кими Раиконен 123,…
Пласман на конструктори: Мерцедес 574, Ферари 374, Вилијамс 220, Ред Бул 150,…