Папа Франциско: Црквата не ги занемарува имигрантите, кои одат по патиштата кон Европа

Од:

Црквата не ги занемарува имигрантите, кои одат по патиштата кон Европа, изјави денеска папата Франциско, за време на неделната богослужба.

Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека судбината на имигрантите било едно од најголемите грижи на синодот, посветен на семејствата, што заврши вчера во Ватикан.

За време на синодот, патријарси од Истокот, поконкретно од Ирак, Сирија и Либан, ставија акцент врз актуелните трагедии на Блискиот Исток и на луѓето, кои масовно бегаат од една во друга земја.

Тие ги критикуваа Европејците, дека го забораваат сето тоа во името на политичките сметки и пазарења.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска