Камерон ја исклучува можноста за втор референдум, ако на првиот Британците гласаат за излез од ЕУ

Од:

Велика Британија нема да организира втор референдум за членството во ЕУ, ако граѓаните гласаат за излез од Унијата на првиот, што треба да се случи на крајот на 2017 година, изјави денеска висок соработник на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Некои од поддржувачите на излезот на Британија од ЕУ, вклучувајќи го и директорот на кампањата во поддршка на гласањето за напуштање Доминик Камингс, изразуваат претпоставка дека ако Британците гласаат за излез од Унијата, тоа може да биде употребено како средство за пазарење за добивање повеќе отстапки од Брисел, пред евентуален втор референдум или гласање за условите на напуштање.

Камерон вети да ги предоговори односите на Велика Британија со ЕУ пред референдумот, но многу службеници од Унијата изразуваат негодување дека Лондон се уште не доставил конкретни предлози.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство