Американскиот скијач Тед Лигети беше најбрз на денешниот велеслалом возен во Австрија со што стартуваше Светскиот куп во машка конкуренција.
Лигети во двете трки оствари вкупно време од 2:23.88 минути, 15 секунди подобро од второпласираниот Томас Фанара од Франција и 17 од третопласираниот Марсел Хиршер (Австрија).
Триумфот во Зелден за Лигети беше 25. победа во неговата кариера Светскиот куп во конкуренција на скијачи продолжува на 15 ноември во Леви, Финска за кога е планирано да се вози првиот слалом оваа сезона.