Поради снимање на францускиот филм „A Fond”, денеска во периодот од 05:00 до 18:00 часот ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел Македонија до Градско.
Како што информира АМСМ повикувајќи се на соопштение од „Мануфактура” продукција, сообраќајот во посочениот период ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.