Веднаш по свечената академија во МОБ, премиерот Никола Груевски а барање на дипломатскиот кор, во Владата оствари средба со евроамбасадорот Аиво Орав, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели и со замениците на амбасадорите на САД, Германија, Франција и Велика Британија.
Амбасадорите по 50 минутната средба не кажаа детали, рекоа само ја пренеле пораката од ЕУ и ургентноста да се најде решение за излез од кризата.
Груевски по ова замина на лидерската средба во Клубот на пратеници.