Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

Од:

На дел од булеварот „Гоце Делчев“ и на мостот „Гоце Делчев“ утре и задутре ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, викендов екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“, на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата на Република Македонија.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози