А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Андреева: Поканата за Иванов однапред планирана и немало никакви измени

by А1он22/10/2015 - 16:0079
Share0

Мина Андреева, портпаролка на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, денеска во изјава за МИА појасни зошто претседателот на Република Македонија е поканет и ќе присуствува на мини-Самитот посветен на бегалската криза што в недела ќе се одржи во Брисел. Притоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, тaа ги демантираше наводите во дел од македонските медиуми дека, наводно, поканата која била подготвена за премиерот Никола Груевски, наводно била повлечена и истата Јункер ја упатил кон Иванов.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Претседателот Јункер испрати писмо со покана до господинот Ѓорге Иванов, претседател на БЈР Македонија. Немало „промена”, ниту „замена” на поканата, децидна е гласноговорничката на Јункер во изјава за МИА.

Андреева, исто така додаде дека претседателот на Европската комисија „познава и има професионални работни односи со многу различни политички лидери, како што треба кога сте претседател на Еврокомисијата”.

Таков вид на средба и односи, Јункер имаше и можеше да се забележи во текот на вчерашниоТ ден токму со македонскиот премиер Груевски, во рамки на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Мадрид, чиј член е шефот на неформалната Влада на ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се сестринска партија.

Следете a1on на Youtube YouTube
eu

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Горан Наумовски27/10/2026 - 21:14

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он23/10/2026 - 16:14

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Горан Наумовски23/10/2026 - 13:11

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Горан Наумовски22/10/2026 - 21:08

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Горан Наумовски22/10/2026 - 19:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео