Министрите за одбрана на Полска и Бугарија, Томаш Шемоњак и Николај Ненчев денеска во Варшава потпишаа билатерален Договор за логистичка поддршка на авионите МиГ-29, јави БТА.
Според договорот, се предвидува ремонт на шест мотори на авиони МиГ-29 на бугарското Воено воздухопловство во Полска, со што ќе се овозможи нивно користење во наредните осум години.
Ремонтот на првите четири мотори треба да биде извршен во следните шест месеци, а на преостанатите два во рок од четири месеци по завршувањето на првите ремонти.
Ремонтот на еден мотор ќе чини над еден милиони евра, со што вкупната вредност на договорот е над 6,1 милиони евра.