Тодоров: Штрајкот може да има сериозни последици за Синдикатот

Од:

„Разговорите со Синдикатот на Клинички центар се во тек. Повторно има допис, кој го гледам како нов ултиматум. Гледам дека ја укинале и одлуката која беше донесена за започнување на штрајк. На овој начин дефакто се признава дека правните аспекти на претходниот штрајк не биле запазени и оти имало правни недостатоци во целата одлука, а со тоа се потврдува нашата загриженост дека организирање незаконски штрајк може да има сериозни последици и по луѓето што се во штрајкувачкиот одбор и по Синдикатот, но и по целиот здравствен систем“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.

Ресорниот министер нагласи дека не сака да дискутира со Синдикатот преку медиумите, бидејќи така се намалува довербата и се одалечуваат двете страни.

„Нашата идеја не е да стопираме штрајк, туку да не дозволиме нелегитимен штрајк кој може да има тешки последици и за тие што се во делот на организацијата и за луѓето кои се вклучени“, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство