Светската шампионка Фенингер се повреди пред почетокот на новата сезона

Од:

Актуелната победничка во Светскиот куп скијање Ана Фенингер беше префрлена во болница поради повреда на коленото за време на тренингот на само три дена пред почетокот на новата сезона.

Како што објави Скијачката федерација на Австрија, Фенингер падна за време на тренингот во слалом и беше пренесен со хеликоптер во болницата во Инсбрук.

25-годишната Австријка која во последните две сезони ја освои титулата севкупен победник на Светското првенство има проблеми со коленото веќе неколку години.

Новата сезона ќе биде отворена в сабота традиционално со трка во дисциплината велеслалом на глечерот Ретенбах кај австрискиот скијачки центар Солден.

Фенингер минатата година го подели првото место во оваа трка со американската скијачка Микаела Шифрин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ