Задача за ВМРО-ДПМНЕ: Разубедете ги средношколците да не одат на протест

Од:

Преку СМС пораки, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се убедувани нивните деца, деца на пријатели и роднини да не одат на денешниот средношколски протест.

„Протестот на средношколците, организиран од СДСМ, не смее да се поддржи и да биде масовен. Затоа бараме да ги разубедите сите ваши блиски, соседи, роднини и пријатели , да не ги пуштаат и да ги разубедат децата да не се појават на протестот. На сите кои ќе го прифатат ова, и нема да учествуваат на протестот, да им се вети бесплатна екскурзија. Земете и доставете податоци од сите кои сте успеале да ги разубедите да не одат на протестот“, стои во пораката која во текот на вчерашниот ден ја добиле неколку стотини членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците