Низ Македонија досега поминале 158.435, денеска плус 2.696 странски државјани

Од:

Во периодот од 08,00 часот на 19.10..2015 до 20.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.696 странски државјани, од кои 1.270  се од машки пол, 504се од женски, 806 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 116деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на  Сирија 1.857, од Авганистан 362, Ирак 309, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 20.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 158.435 странски државјани, од кои 100.870 се од машки пол, 22.036 се од женски, 29.024 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.505 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 108.772, потоа од Авганистан 26.180, Ирак 12.006, Пакистан 3.744,Иран 1.896, Палестина 1.533, Сомалија 827, Бангладеж 828, Конго 450, од Нигерија 246, Камерун 218,  од Еритреја 204, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во периодот од 08,00 часот на 19.10.2015 до 20.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!