Имаше половина тон, а потоа облече бикини

Од:

38-годишната Катрина Раифорд целиот живот се борела со килажата. За неа, тоа бил проблем кој никогаш не можела да го реши, а во еден период имала 453 килограми поради што се стекнала со епитетот-најдебела жена на светот.

Таа со денови лежела во креветот и едвај можела да се помрдне.

Несреќна и без надеж, Катрина деновите и ноѓите ги минувала во креветот, а потоа решила да направи драстични промени и да ја преполови својата килажа.

11011912_10100179003229986_5063702410924632388_n

-Поради намалувањето на килограмите, сега имам само 60 килограми кожа која буквално виси на мене. Моја следна задача е да соберам околу 10 илјади долари за хируршки да го отстранам вишокот. Имам план, и тоа е најважно, со оглед дека досега бев безнадежна, објаснува Катрина.

Како и многумина кои го имаат овој проблем, Катрина почнала да јаде на нервна база. Како девојче била сексуално злоставувана, а својата тага и болка ги “лечела“ со огромни количества на храна. Со време, толку се здебелила што имала проблеми со дишењето, а екипи на брза помош ја носеле на клиника зашто не можела самата да се движи.

12105923_10100240323813046_691897160990025148_n

Одлучила да направи драстични промени во својот живот, па почнала да соработуба со експерти како да ги намали килограмите.

Денеска за себе вели дека е сосема друга личност, а го купила и првото бикини.

-Мислев дека никогаш нема да облечам бикини. Пресреќна сум, но немам намера да останам на оваа килажа, изјави Катрина.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он