СДСМ Битола: Власта вработува наставници со само четири наставни часа

Од:

За само четири наставни часа власта во Битола дели вработувања на неопределно време во битолските училиште, обвини опозицијата во општинскиот Совет.

Според Наташа Петровска, советник од СДСМ, училиштата се преполни со нововработени наставници кои кусокот од часови го надополнуваат со таканаречни слободни активности.

– Во нашите институции беа доделувани решенија на неопределено работно време со само четири часа за предавање, а останатото од работното време е слободна активност. За да добие некој решение за работа на половина работно време треба да има најмалку 10 часа за предавање во месецот. Покрај ова, власта премина и на други вработувања и почна да вработува економи, архивари, администратори, и тоа не по еден, туку и по двајца до тројца во едно училиште – обвини Петровска.

Советниците од власта, пак, возвратија дека опозицијата уште недојдена на власт прави попис по училиштата колку се вработени во последните години и на која позиција.

– Ги прашуваат директорите колку вработени има, кој вработен со каков договор, кој наставик колку часови има, колку се вработени во стручните служби. Се бележи внимателно секое работно место како да се прави попис или база на податоци – рече Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Петровска одговори дека опозицијата е повикана да ги дознае сите информации во интерес на граѓанит,е па дури и на моменти да делува иследнички, а власта ако ги прави работите како што треба, не треба да има страв од ништо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните