Вкупното бруто-примарно производство на енергија во 2013 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесувала 1.357.343 toe што претставува 50,1 отсто од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесувала 2.710.936 toe.
Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2013 година се: индустријата со 30,9 отсто, сообраќајот со 29 отсто и домаќинствата со 24,5 отсто од расположливата финална потрошувачка.