Жерновски, невладините и граѓаните на иста страна за Дебар Маало

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, граѓаните од иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“ и НВО “Плоштад Слобода“, си подадоа рака и потпишаа меморандум за поддршка и согласност дека на патот кон изградба на модерна општина, со модерни урбанистички решенија, треба да се трга од интересот на граѓаните и нивните потреби.

Градоначалникот и општината ја даваат својата поддршка за похуман и правичен пристап кон решавање на просторот, зачувување на животната средина и квалитетот на живот во Дебар Маало.

“Вака треба да се решаваат сите ДУП-ови, не само во општина Центар, туку и во цела Македонија. Јавната анкета е да се прашаат и вреднуваат мислењата на граѓаните. За нацрт-ДУП-от ‘Дебар Маало’ имаме преку 400 мислења. Наидовме на разбирање од градоначалникот и од општината и задоволство ми е што сме на иста страна. Ги повикувам и градоначалниците од другите општини, особено од Карпош и Кисела Вода, каде што моментално има најголема узурпација, да постапат како градоначалникот на Центар. Скопје вака веќе не може да продолжи да се гради“, рече Никола Наумоски од НВО “Плоштад Слобода“.

Според градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ова е значаен момент за општината, која се залага за поголемо вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките.

“Нормално е ова да почне од општина Центар и ова е порака до сите градоначалници да ги вклучат невладините организации и граѓаните, бидејќи деталните урбанистички планови ги носиме за граѓаните. Задоволен сум од досегашната соработка. Ние сме на иста страна, за да ги браниме интересите на граѓаните“, рече Жерновски.

Претставникот на Комората на трговци, што ги застапува зелените пазари, им честиташе на Жерновски и претставниците на невладините организации. Тој посочи дека цврст став на пазарџиите е сепак да постои пазарчето Буњаковец, но модернизирано и реновирано.

Во заклучоците стои дека е неопходно да се направи попис на зеленилото на местото каде што се наоѓаат бараките на општина Центар, договорено е катноста на градбите да се намали значително, во ДУП-от “Дебар Маало“, за оваа парцела, да има дефинирано барање за градба, не со миминум 15% зеленило, туку со многу повеќе.

Маркицата за изградба на зграда на паркингот помеѓу општината и Министерството за одбрана, со новиот ДУП, истата треба да се избрише.

“Во однос на самоволието на Владата за парцелата кај ПУИГ, да ја прогласи за посебен интерес, двете страни се согласуваат да се најдат сите правни начини да се оспорат владините планови, а просторот да биде искористен во интерес на граѓаните и поздрава животна средина. Оваа парцела не смее да содржи нов резиденцијален и деловен објект, туку да се пренамени за социјална содржина и отворен парк. Спорната маркица за градба врз дворот на Министерството за култура треба да се тргне од ДУП-от. Граѓаните во анкетните листови бараат да се зачува оваа зелена површина и да се отвори паркот“, стои во дел од заклучоците кои што се содржина на потпишаниот меморандум.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски