Работник од Копанце паднал од шест метри висина

Од:

А.А.(46) од Копанце се здобил со сериозни повреди на главата откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил вчера нешто пред 13 часот додека А.А. со електрична дигална спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Дигалката во еден момент се откачила и заедно со количката тој паднал од вториот кат на објектот од околу шест метри во дворот.

Со возило повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите на главата бил префрлен на скопските клиники.

Полицијата презема мерки за целосно рсветлување на сите поединости поврзани со причините и другите околности околу паѓањето на работникот.

Според полициските податоци годинава на поширокото тетовско подрачје се случиле пет несреќни случаи при работа при што во две лица починале од здобиените повреди.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски