Прв пораз на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар го забележаа првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Тие попладнево на гости загубија од дански Колдинг со 33:31 (17:15). Воедно ова за данската екипа е прва победа во Лигата на шампионите.

Вардар на овој дуел играше без болните Арпад Штербик и Алекс Душебаев, додека поради повреди не играа Столе Стоилов и Александар Деревен.

Вардар добро го почна натпреварот и имаше предност од два гола до средината на првиот дел кога Колдинг со серија од 4-0 го презеде водството и го сочува до крајот на дуелот. „Вардарци“ се обидоа да дојдат до изедначување, но без помошта од голманите не можеа да изедначат, при тоа Колдинг имаше и 4 голови разлика.

Најефикасен на дуелот Ласе Андерсон со 10 голови, додека кај Вардар Тимур Дибиров и Македа постигнаа по 7.

Во следното коло Вардар игра дома со полскиот тим Киелце, додека веќе утре во рамки на СЕХА лигата гостува кај Загреб.

Вардар и покрај поразот остана на првото место во групата Б со 8 бодови, следуваат Барселона и Рајн Некар Ловен со по 7, Киелце има 6, ПИК Сегед и Монпеље по 4, а Кристијанштад и Колдинг по 2.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар