Амнести интернешнал ги повика лидерите во Европската унија правата на бегалците да ги стават пред загриженоста за заштитата на границите на своите држави.
Повикот на АИ уследи ден пред германската канцеларка Ангела Меркел да разговара со турски официјални лица за планот на ЕУ со кој Турција ќе добие одредени олеснувања во замена за запирање на приливот на бегалци во држави од Унијата.
Тие олеснувања ќе се однесуваат на пакет помош, полесен пристап на граѓани да добијат визи за ЕУ и забрзување на преговорите за членство во ЕУ.
АИ сметаат дека ЕУ треба да размислува за начините да понуди безбедни и легални рути за бегалците да стигнат до Европа.
– Договорот кој се заснова на задржување на бегалците во Турција суштински игнорира предизвици со кои тие таму се соочуваат како и очигледната потреба ЕУ да понуди заштита, се вели во соопштение од АИ.