Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано првото коло од кошаркарската Евролига.
Екипата на Фенербахче за која настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ го победи Баерн, а нашиот кошаркар за нецели 24 минути постигна 7 поени со 6 скокови.
Резултати прво коло:
А група: Фенербахче – Баерн 74:67, Химки – Реал Мадрид 84:70, Црвена Звезда – Стразбур 81:59.
Б група: Олимпијакос – Цедевита 76:61, Лимож – Анадолу Ефес 77:89, Емпорио Армани – Лаборал 78:76.
Ц група: Пинар Каршијака – Барселона 71:62, Локомотив Кубан – Панатинаикос 81:70, Зиелона Гора – Жалгирис 62:66.
Д група: ЦСКА Москва – Макаби 100:69, Дарушафака – Динамо Сасри 83:74 и Уникаха – Бамберг 76:71.