(ВИДЕО) Спасовски: Груевски мора да се соочи со сопствениот страв, отстапки нема

Од:

Нема да им дозволиме да пропадне договорот. Зад овој Договор стои меѓународната заедница, стојат четирите политички субјекти и нема никој право да го руши договорот особено не оној којшто ставил потпис, без разлика колку се плаши за сопствената судбина и сопствената иднина. Ако треба да се повлече потег во овој момент, најмалку што може Груевски да направи е да го почитува договорот и да се соочи со сопствениот страв.

Ова денеска на средбите со радовишани го изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

На прашањето, доколку и понатаму има опструкции за специјалниот јавен обвинител што ќе превземе СДСМ, тој рече:

– Не смее да има опструкции. Мора секој да се вразуми, па дури и Груевски, дека законите и договорите мора да се почитуваат и од тоа отстапки нема. Мора да се почитува Договорот од 2 јуни/15 јули, мора да се одговара за злоделата, Македонија мора да победи.

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во битката за рушење на режимот, порачувајќи дека Груевски мора да се соочи со сопствениот страв, затоа што отстапки нема.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски