А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ: Македонија произведува здрава храна

by А1он16/10/2015 - 15:21117
Share0

Македонија произведува здрава храна и нејзината безбедност е на високо ниво, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски на промотивниот настан во Сити Мол по повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври.

Добивај вести на вибер

Како што нагласи Поповски, на високо ниво е и системот за контрола, а имаме и мониторинг програми кои се усогласени со европските.

На безбедноста на храната, според него, многу влијааат и хигиенските навики на потрошувачите.

– Хигиенските навики на потрошувачите треба да се на многу високо ниво и треба да се знае дека сите пртоизводи, особено свежото овошје и зеленчук, и покрај тоа што се контролирани, од различни причини при складирањето и транспортот, треба убаво да се измијат пред да се консумираат, истакна директорот Поповски.

Тој смета дека перцепцијата на граѓаните во однос на прскањето со пестициди не соодветствува со реалноста зашто при контролите не е констатирано какво било надминување на максимално дозволените количини или употреба на какви било недозволени средства за заштита.

Годинава се реализирани околу 6.000 инспекциски контроли на храна од неживотинско потекло при што неусогласеност е најдена кај околу девет тони храна која е одземена и соодветно уништена, што е многу мал процент, потенцира Поповски, додека во делот на храната од животинско потекло, спроведени се 6.500 контроли, а одземени се два тона.

Промотивниот настан насловен „Од нива до трпеза, од фарма до вилушка“, го организираше Агенцијата во соработка со детскиот хор „Златно славејче“ и Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ).

Како што изјави претседателката на ОПМ Марјана Лончар, потрошувачите бараат подобро одбележување на состојките во храната, особено на шеќерот, мастите и солта.

– Македонската регулатива е усогласена со европската за означување на храната и тоа треба да најде примена, граѓаните да можат да ги видат нутритивните состојки посебно мастите, шеќерот и солта, рече Лончар.

Во оваа насока, ОПМ веќе изготвува нова веб страница со поддршка на АХВ и Светската организација на потрошувачи, преку која, семафор со црвено, жолто и зелено светло ќе укажува колкаво е присуството на овие состојки во одреден вид производи. Притоа, преку калкулатор граѓаните ќе можат да пресметаат и да дознаат која количина е дозволена во текот на денот и дали земаат повеќе од што треба.

ОПМ апелира и дека мора да се води сметка за прекумерното фрлање храна кое во светски рамки е големо.

– Тоа зависи многу од нас, потрошувачите, од тоа колку купуваме и како ја чуваме храната. За да се намали отпадот, и производителите, наместо да ја фрлаат, може да ја нудат на 50 отсто во големите ланци маркети, посочи Лончар.

hrana

Би можело да ве интересира

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Горан Наумовски03/05/2025 - 20:24

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски21/04/2025 - 09:5021/04/2025 - 09:50

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Горан Наумовски05/04/2025 - 19:41

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски28/09/2024 - 11:2128/09/2024 - 12:13

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Александар Тодески11/03/2024 - 12:49

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ26/01/2024 - 14:4126/01/2024 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен