Зетот на Гадафи еден од новоосомничените за „случајот Локерби“

Од:

Поранешниот шеф на либиската разузнавачка агенција, Абдулах ал Сенуси, зет на соборениот лидер Моамер Гадафи, е еден од двајцата новоосомничени за соборувањето на американскиот патнички авион, над Шкотска, пред безмалку 27 години.

Вториот осомничен е Мохамед Абуајела Масуд.

Според соопштенето на шкотското обвинителство, кое вчера попладне откри дека има двајца нови осомничени за подменувањето бомба во авионот, покрај првообвинетиот и осуден Абделбасет ал Меграхи, обајцата се наоѓаат во затвор во Либија.

Масуд е затворен за производство на бомби, додека Сенуси е осуден на смрт и очекува да биде егзекутиран, откако беше фатен и суден од една од исламските милиции кои војуваа против силите лојални на Гадафи.

Претставник на обвинителството во Шкотска изјави дека е испратено формално барање до властите во Либија, за да се дозволи сослушување на двајцата новоосомничени.

Оваа земја, по насилното сменување на претходниот режим, се наоѓа во политички хаос, без постење на централна власт, со две влади-во Триполи и во Тобрук- кои војуваат една против друга и со бројни исламски и џихадистички милиции кои ја имаат безбедносната власт во свои раце, но војуваат за превласт и за контрола на нафтата и гасот, со кои е богата Либија.

Во Единбург и во Лондон се стравува дека во ваквата либиска ситуација, тешко ќе може да се обезбеди средба и сослушување на Сенуси и Масуд, особено што и постгафиевската валст во Триполи уште на полетокот најави дека за нив „случајот Локерби„ е завршена работа.

На 21 декември 1988 година, авионот „Боинг 747„ на компанијата „Пан Американ„ што леташе на линијата од Лондон за Њујорк, екслодира над пкотското место Локерби.Вкупно 270 лица, патници и членови на екипажот и 11 чители на местото, загиаа од подметната бомба во багажниот простор на леталото.

За нападот, Велика Британија и САД, од каде имаше далеку најмногу патници, ги обвинија Либија и нејзината тајна служба.Но дури на 31 јануари 2001 година, беше осуден на доживотен затвор, едеинствениот внновник за соборувањето на авионот, Либиецот Ал Меграхи, во британските медиуми наречен „бомбашот од Локерби“.

Мехрахи беше осуден од тројца шкотски судиии на судски процес одржан на „неутрална територија“ во една воена база во Холандија, откако Либија прифати да плати три милијарди отштета за сите жртви на оборениот авион, но без да прифати дека е виновна за бомбашкиот напад.

Ваквата спогодба беше уприличена меѓу тогашната клинтонова админстрација, на заминување, Гадафи и ОН, за да се овозможи враќање на земјата во меѓународната заедница и укинување на санкциите.Либија во меѓувреме се согласи да се откаже од намерата да прозведува оружје за масовно уништување и да ги предаде сите планови што ги има околу тоа.

Во август 2009 година, Меграхи кој постојано тврдеше дека не е виновен, беше пуштен од затворот, затоа што беше на смрт болен од рак и замина за Триполи, каде почина три години подоцна.

Повторното отворање на „случајот Локерби“ во Шкотска и Британија, доаѓа по минатомесечното прикажување на еден телвизиски документарен филм. Автор на филмот е брат на еден од жртвите во соборениот авион кој тврди дека има нови сознанаија што ќе дадат нова светлина за овој бомбашки напад.

Основаната цел е да се најдат докази за тезата дека Меграхи не дејствувал сам и дека зад него и другите, стоела Либија односно „режимот на диктаторот Гадафи“.

Некои од роднините на жртвите во Локерби, меѓутоа, не веруваат дека било што ќе може да се докаже, затоа што е поминато многу време, потенцијалните сведоци не се живи, а и поради сегашната ситуација во Либија.

Џим Свајар чија ќерка загина од паднатите делови од авионот, предупреди во шкотските медиуми дека овојпат „мора да има многу посилни докази“ од оние кои беа употребени против Меграхи за да се открие вистината.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија