Властите во Грција ги испитуваат серијата наводи дека сириски бегалци, кои влегле во земјата преку копнена граница од Турција, биле ограбени од страна на грчката полиција и принудени да се вратат преку границата.
Официјален судски претставник денеска соопшти дека солунскиот обвинител Лефтерис Михаилидис му наредил на полицискиот одред за внатрешна контрола да испита повеќе од 20 жалби доставени од групите за човекови права.
Бегалците тврделе дека нападите се случиле на почетокот од годинава во североисточниот регион Еврос, каде што Грција и Турција граничат со река која лесно може да се премине во текот на летото. Тие рекле дека грчката полиција им крадела пари и предмети и ги туркала назад низ реката.