Средношколци: Ќе протестираме! Не сакаме да сме експеримент

Од:

Средношколскиот пленум разочаран од изјавите на министерот за образование, Абдулаќим Адеми, и игнорирањето на кое се изложени од надлежните, во своето јавно обраќање велат не сакаат да бидат генерации на експерименти, и затоа ќе продолжат со протести на 21.октомври.

„Драги соученици,

Повторно за својата судбина дознаваме од изјава на Г. Министер дадена за медиуми.
Г. Министер најави нов модел на екстерно оценување, кој е таен како и претходните, и за кој се планира да започне од јануари 2016 година.

Г. Министер изјави дека ќе бидеме вклучени при изработката на новиот модел, но ваква најава на 15 Октомври 2015 година е задоцнета.

Доставивме Барање за укинување на екстерното до Министерството на 25.09.2015 г. и досега немаме одговор, повторно сме игнорирани и повторно сакаат да продолжат екстерно да не оценуваат и да експериментираат со нас.

Затоа, јасно укажуваме дека:

Бараме да се укине екстерното тестирање кое претходниве три години го спроведуваат врз нас, на начин кој сами го определија и кој еднаш веќе го променија, и за кое никогаш не послушаа ниту еден наш аргумент, а со кое оштетија голем дел од нас

Бараме реформи со кои ќе добиеме солидно образование и применливи знаења, што не се постигнува со постојниот концепт на екстерното тестирање, реформи кои ќе се носат со сеопфатни анализи и користење искуства од образовните системи во развиените европски земји

Бараме вистински модел на ЕКСТЕРНА ЕВАЛУАЦИЈА, а не ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ и ОЦЕНУВАЊЕ, бидејќи нашите наставници не оценуваат во текот на целата учебна година. Затоа, бараме да има вистинска јавна дебата со реална вклученост на сите засегнати, а не избрзани промени, најавени и проектирани да се спроведат за нецели 3 месеци, за кои не веруваме дека можат да се продуктивни

Бараме новиот модел на ЕКСТЕРНА ЕВАЛУАЦИЈА да важи за генерациите кои ќе се запишат по негово донесување и со него ниеден ученик да не биде оштетен, туку да се добиваат сознанија за квалитетот на образованието

Драги соученици, придружете се на средношколскиот марш на 21.10.2015 за повторно да кажеме:

СТОП ЗА ЕКСТЕРНОТО ОЦЕНУВАЊЕ
СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
СТОП ЗА ЕКСЕРИМЕНТИТЕ
ДАЈТЕ НИ МОДЕРНО И СОЛИДНО ОБРАЗОВАНИЕ
САКАМЕ ДА НАУЧИМЕ И ДА ИМАМЕ ЗНАЕЊА“ гласи обраќањето на Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците