Со денешните два натпревара во Љубљана и во Букурешт стартува сезоната во женската ракометна Лига на шампионите. Во Љубљана ќе играат Крим и Баја Маре, а во редовите на двата тима има по една македонска ракометарка – Мирјета Бајрамовска (Крим) и Елена Ѓорѓиевска (Баја Маре).
Вториот натпревар што се игра во Букурешт меѓу Букурешт и Лублин, ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбевска од Македонија што е воедно нивно деби во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион Вардар, кој две сезони играше на завршниот турнир утре во 1.коло ја пречекува екипата на двократниот европски шампион Ѓер.
Актуелен европски шампион е Будуќност, екипа која и во новата сезона се вбројува меѓу екипите со шанса за освојување на шампионскиот пехар.
Двојки за првото коло:
А група: Крим – Баја Маре и Ларвик – Ростов Дон.
Б група: Турингер – Флери и ФТЦ – Подравка.
Ц група: Вардар – Ѓер и Митјиланд – Хипо.
Д група: Букурешт – Лублин и Будуќност – Савехоф.